Каде е и зошто исчезна Кармен Електра, секс-симболот на 90-те (ФОТО/ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Ако сте ја следеле по некоја случајност светската јавна сцена, нема шанса да не сте ја забележале Тара Патрфик, односно уметничкото име Кармен Електра.

Американската убавица привлекуваше внимание кон себе кога во далечната 1993 година го издаде албумот со наслов „Кармен Електра“.

Од тогаш популарноста на Електра започна вртоглаво да расте. Нејзините песни во принцип завршуваа во топ 25 на американските топ-листи.

 

View this post on Instagram

 

???

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra) on

Голема благодарност таа му должи на славниот музичар Принц, со кого блиско соработуваше и со кој дури беше и во кратка врска.

Електра секогаш истакнуваше дека Принц имал големо влијание на неа и дека бил гениј.

Покрај музиката, Кармен беше и во други сфери на шоубизнисот. Многумина ја паметат и по улогата во серијата „Чуварите на плажата“.

Репутацијата на секс-симбол на Електра и донесе добра заработувачка во животот. Покрај тоа што глумеше во бројни филмови, таа се сликаше и за машки магазини, меѓу кои и „Плејбој“.

Кармен беше слаба на „лошите момци“. Беше во брак со кошаркарската ѕвезда Денис Родман и тоа само година дена. Познатиот „црв“ го заменила со уште едно „лошо момче“, во прашање е музичарот Дејв Наваро.

Меѓутоа, бракот со рокерот траел четири години.

Како поминувале годините, славата на Кармен започнала да опаѓа. Ретко можеме да ја видиме во некој филм или серија.

Зошто ја нема толку во јавноста како некогаш, најверојатно лежи во фактот што се занимава со други работи кои немаат врска со музика и филм.

Имено, Кармен има своја сопственеа колекција на долна облека, костими за капење, како и колекција за производи за нега и убавина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот