Кацин: Словенија има добра епидемолошка ситуација, но проблем се младите

Ковид амбуланта во Словенија/ Фото: ЕПА

Бројот на новозаразени со коронавирус во Словенија значително се намали од пред две недели, изјави денеска портпаролот на словенечката Влада Јелко Кацин, но ги предупреди словенечките туристи да бидат внимателни кога престојуваат во странство.

– Епидемиолошките податоци за Словенија беа многу добри во последните денови и значително подобри од пред две недели. Словенија е во зелена зона и многу безбедна дестинација, рече Кацин на владината кпрес онференција во Љубљана.

Тој додаде дека според последните податоци, Словенија има осум заразени на 100.000 жители во последните 14 дена, што според критериумите донесени од владата за времетраењето на епидемијата ја рангира во најбезбедната „зелена” зона.

Според Кацин, главниот извор на нови инфекции е дружење без заштитни маски и придржување кон епидемиолошки мерки меѓу младите, како во земјата така и во странство.

Младите многу малку обрнуваат внимание на нивното здравје, а со оглед на тоа што имаат благи или никакви симптоми на Ковид-19, тие претставуваат ризик од ширење на инфекцијата, особено за нивните семејства и постарите лица.

– Основно прашање е нивната одговорност за здравјето, тие мора да бидат свесни за последиците од нивните постапки и ширењето на инфекцијата на најранливите,  рече Кацин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот