Кацарска за СП: Тешко е да се предвиди однесувањето на Бугарија

Фото: YouTube/Screenshot

Не е можно отсега да се предвиди што ќе се случи до крајот на април и да се процени дали на самитот на ЕУ во јуни ќе се усвои преговарачката рамка и Македонија конечно ќе ги почне преговорите со ЕУ, вели Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика.

Според неа, во овој период сигналите за Македонија се попозитивни и од ЕУ и од страна на бугарскиот премиер Бојко Борисов, но тоа не ја намалува големата неизвесност.

– Во ЕУ има позитивни исчекори за враќање на Западен Балкан на агендата за одлучување. Пред јунскиот одлучувачки самит не може да се очекува ништо значајно, но ситуацијата најмногу ќе зависи од развојот на настаните по изборите во Бугарија. Во јуни идната бугарска влада ќе биде на почеток на мандатот и ќе има простор да носи одлуки, па можно е да има смирување на реториката и некаков исчекор. Но, не теба да се очекува премногу затоа што официјалната позиција и на власта и на опозицијата во врска со Македонија им е речиси иста. Ситуацијата ќе биде поедноставна ако во идната влада ја нема партијата ВМРО. Далеку од оптимална, со сепак поедноставна – вели Кацарска за „Слободен печат“.

Според премиерот Зоран Заев има шанси до јуни да се постигне решение за спорот со Бугарија, за што важен фактор е актуелниот бугарски премиер Борисов да добие нов мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот