Кацарска пак го осуди Поповски на 9 години затвор

Судијката Добрила Кацарска и на повтореното судење, поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски го осуди на 9 години затвор. Тој со оваа пресуда на кривичниот суд е виновен за набавката на 300 возила за МВР.

Поповски има право на жалба до второстепениот суд, односно Апелациониот суд.

Судијката Кацарска првично на Поповски му пресуди 9 години затворска казна. Пресудата ја донесе лани во мај, седум месеци подоцна скопска апелација предметот го врати на повторно судење.

Случајот „Триста“ беше на аСпецијалното јавно обвинителство, а годинава пред втората пресуда го презеде редовното обвинителство.

Се однесуваше на набавка на 300 возила за потребите на МВР. Според обвинението, со оваа набавка буџетот бил оштетен за 453.570 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот