Кацарска: Војната во Украина ја обедини Европа и ќе ја освести за проширувањето

Симонида Кацарска - директорка на Институтот за европска политика / Утрински брифинг

Војната што Русија ја почна во Украина ја обедини Европа и може да очекуваме дека ќе стане посвесна за значењето на проширувањето, вели Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика, во врска со тоа дали војната ќе придонесе да се забрза решавањето на македонско-бугарскиот спор.

– Војната во Украина досега резултираше со зацврстување на заедничките позиции помеѓу државите членки на Европската унија, дури и оние со кои постоеја несогласувања во однос на Русија. На долг рок може да очекуваме дека ЕУ ќе стане посвесна за значењето на процесот на проширувањето, бидејќи Унијата историски најголемите чекори ги направила во контекст на кризи. Дополнително, може да очекуваме да се намали толерантноста кон одредени реторики кон кои се приклони дел од бугарската елита – оценува Кацарска за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот