Кацарска: Со месеци нѐ оставаат без судии, ова е несериозно

Добрила Кацарска

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, за Фокус вели дека крајно несериозно е да се остави судот да работи со само шестмина судии.

Изборот на тројца судии заглави, бидејќи е блокирана работата на собраниската Комисија за избори и именувања, откако БЕСА го напушти парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.

–Крајно несериозно е со месеци да не остават без судии. Со заминувањето на Јосифовски ќе останеме петмина, ќе можеме да одлучуваме, но тоа ќе биде оневозможено доколку отсуствува само еден судија. Исто така, поинаку е кога сме девет судии. Згора на се, ќе бидеме блокирани да одлучуваме за предмети за кои е потребно двотретинско мнозинство, појаснува претседателката Кацарска за “Фокус”.

Таа додава дека токму поради тоа и сѐ уште не е одлучено по Указите.

–Секој предмет си има своја тежина, но Указите се особено тешки. Затоа не е исто кога за нив одлучувале шест наместо девет судии. Има повеќе тежина доколку одлучуваат сите судии, односно особено е важно во дискусијата да учествуваат сите деветмина. Можевме да гласаме и шестмина, и сите да сме усогласени, но тоа не е тоа. Поинаку е да гласале деветмина, па макар и тројца спротивно од останатите. Затоа указите не беа ставени на дневен ред, на пример Указот за Преспанскиот договор, ни изјави Кацарска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот