Добрила Кацарска, претседателка на Уставен суд/Фото: Слободен печат

Кацарска е фрапирана од тоа со каква брзина се донесоа измените на кривичниот законик

„Фрапирана сум како се донесоа измените на Кривичниот законик, уште пофрапирана сум што опозицијата не ги блокираше“, изјави вечерва Добрила Кацарска, претседателката на Уставниот суд во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21. Една од темите беа измените во Кривичниот законик, а Кацарска кажа дека е фрапирана од тоа со каква брзина се донесоа измените.

„Од аспект како се донесоа имените на кривичниот законик, јас бев навистина фрапирана. Во еден ден беше расправата на Комисијата, наеднаш се стави на гласање, и уште пофрапирана бев што опозицијата не го блокираше Законот. Таму каде што ќе се договарат политичарите, или им одговара, таму нема блокада, но таму каде што сакаат да блокираат може да ја блокираат цела држава“, коментира Кацарска.

Пред неколу дена и  професорот и академик Владо Камбовски изјави дека додека работната група во која тој е челен, три ипол години заедно со ОБСЕ работи на нов кривичен закон кој во октомври треба да влезе во собраниска процедура, парламентот преку ноќ донесе измени на постоечкиот законик. Според Камбовски последните измени претставуваат  упад во казнено-правниот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот