Кацаров: Доколку мерките против ковид-19 не функционираат, за 10-15 дена ќе има „локдаун“ во Бугарија

Девојка со заштитна маска против коронавирусот во Софија, Бугарија / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров прогнозира дека најлошото сценарио е да се исцрпат капацитетите на болниците во земјата и тие да не можат да ги прифатат пациентите.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот министер смета дека сегашниот бран на пандемијата мора да биде совладан за 10-15 дена, во спротивно ќе има голем проблем со болниците.

Според Кацаров, за 10-15 дена Бугарија ќе има голем проблем. Тој вчера се сретна со директорите на болниците во Софија, кои изјавиле дека постојано се поставуваат нови кревети, но капацитетот и од персонал и од респиратори е речиси исцрпен.

Министерот вели дека нема респиратори. Бугарија доби ветување дека ќе прими респиратори од Светска банка.

Еврокомесарот за здравство предложи доколку се случи најлошото сценарио, тогаш пациентите да се испраќаат од Бугарија во други земји.

– Не сакам да ги плашам луѓето, но ситуацијата е крајно сериозна и тоа не натера да прибегнеме кон такви мерки, кои очигледно не се популарни, нагласи Кацаров.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот