Кабинетот на премиерот Марк Руте на два ума: Холандската Влада размислува за колективна оставка

Фото: EPA-EFE/Robin Utrecht

Холандската Влада на чело со премиерот Марк Руте размислува за колективна оставка поради извештај во кој се обвинува за лошо управување со субвенциите за згрижување на деца, кои илјадници семејства ги втурнаа во финансиска пропаст.

Парламентарната истрага минатиот месец заклучи дека е направена невидена неправда кон невини семејства кои биле принудени да вратат десетици илјади евра субвенции, што доведе до невработеност, банкрот или развод.

Руте, кој е на функција од 2010 година, на крајот на минатиот месец рече дека аферата, која трае скоро цела измината деценија, е срамота. Околу 10.000 семејства добија компензација во износ од најмалку 30.000 евра.

Семејствата оваа недела поднесоа обвиненија против петмина политичари, вклучувајќи ги министерот за финансии Вопке Хоекстра и министерот за економија Ерик Вибес, за нивната улога во лошото управување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот