Кабинет на Вучиќ: Одложена е посетата на Лавров, за новиот датум ќе бидете известени

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кабинетот на претседателот на Србија Александар Вучиќ соопшти дека се одложува дводневната работна посета на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на Белград.

Кабинетот на Вучиќ вечерва наведе дека „за следниот датум за посетата“ на Лавров „благовремено ќе ја извести“ јавноста.

Во соопштението на кабинетот на Вучиќ не е наведена причината за откажување на посетата на шефот на руската дипломатија.

Лавров утре и во четврток требаше да престојува во Белград.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти денеска дека Лавров отишол во самоизолација зошто од коронавирус се раболело лице со кое бил во контакт и дека поради тоа ги одложил сите планирани посети.

(Извор: Бета)

Нова: Вучиќ направи пресврт, ги исфрли проруските министри од Владата

Лавров нема да оди во Србија, ќе биде во самоизолација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот