Кабинет на Пендаровски: Огласените возила не се во сопственост на Кабинетот, фотографиите се направени без дозвола

Фото:Слободен печат

Во врска со написите дека на портал за огласување се продаваат возила фотографирани во делокругот на Вила Водно, од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски информираат дека се работи за возила кои не се во сопственост на Кабинетот, ниту во употреба за претседателот, службите за негова поддршка, или пак во сопственост на вработените во Кабинетот.

Според информациите со кои располага Кабинетот на претседателот, се работи за возила на сопственик на компанија ангажиран од страна на ОБСЕ/ОДИХР, при средба на шефицата на ОБСЕ/ОДИХР мисијата за набљудување на изборите во март 2020 година со претседателот Пендаровски.

– Фотографиите се направени без дозвола и знаење на Кабинетот на претседателот, а против лицето ќе биде поднесена пријава за недозволено фотографирање на претседателскиот кабинет. Воедно ќе бидат информирани и претставниците на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот