Кабинет на Пендаровски: Негативни се резултатите од тестот за корона вирус од мајката на сопругата на претседателот

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информира дека резултатите од тестот за корона вирус од мајката на сопругата на претседателот се негативни.

– Брисот беше земен посмртно, откако г-ѓа Ѓоргиевска (71) почина вчера на Клиниката за пулмологија во Скопје, како резултат на влошување на општата здравствена состојба предизвикана од хронична болест, поради која повеќе од една година беше со исклучително тешка клиничка слика, велат од кабинетот на претседателот Пандаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот