ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје со реакција: Д-р Гроздановски е отпуштен бидејќи три дена не се појави на работното место

Фото: Архива

Во интерес на објективното информирање на јавноста, изјавуваме дека д-р Мирослав Гроздановски од 30.7.2021 година не е вработен во Службата за неврологија при ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје поради тоа што докторот по своја волја, односно самоиницијативно од 26.7.2021 година до 28.7.2021 година, три дена не се појавил на работното место специјалист невролог, стои во реакцијата на ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје на денешната објава на „Слободен печат“ со наслов „Оти укажа на грешка: Д-р Гроздановски доби отказ на три години до пензија“.

– По добиеното известување на 29.7.2021 г. од Раководителот на Службата за неговото неоправдано отсуство, институцијата мораше да постапи согласно законските обврски.

Информираме дека д-р Гроздановски беше вработен во ЈЗУ Здравствен дом – Скопје како специјалист по неврологија и неговото прераспоредување во друга поликлиника не е воопшто поврзано со фотографираната погрешна табла(како што тој наведува), туку заради потреба од специјалистички услуги од овој тип во Поликлиника Бит-пазар во која неколку месеци нема специјалист невролог, а на истото подрачје здравствената услуга од овој тип е неопходна.

Во ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје, согласно Статутот и организацијата на Домот, лекарите се распределeни по Служби, а не по поликлиники, и за потребите на Домот се распределуваат во поликлиники каде е потребно, сѐ со цел сите здравствени услуги да се достапни на граѓаните на сите подрачја на територија на град Скопје и околните места, реагираат од ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје.

Оти укажа на грешка: Д-р Гроздановски доби отказ на три години пред пензија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот