Јужнокорејскиот претседател побара зајакнување на економијата поради епидемијата на коронавирусот

Претседателот на Јужна Кореја Мун џае-ин денеска изјави дека Владата треба да вложи напори да ја зајакне економијата што е под притисок од епидемијата на новиот коронавирус.

– Владата не треба да расправа за тоа дали нешто е без преседан или не, туку треба сите мерки за кои можеме да размислиме да ги ставиме на маса за да ги искористиме, рече Мун на состанокот на кабинетот.

Мун додаде дека економијата е во вонредна состојба и има потреба од поттик за зајакнување на домашната побарувачка. Во 2015 година, Јужна Кореја подготви дополнителен буџет за да и помогне на економијата да се бори против последиците од појавата на респираторниот синдром на Блискиот исток (МЕРС).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот