Јужноафрикански антикорупционер застрелан во Јоханесбург

EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Јужноафрикански сметководител кој истражувал случаи на корупција на високо ниво е застрелан заедно со неговиот син. Клоете Мареј (50) бил ликвидатор на Босаса, компанија вмешана во бројни скандали со владини договори, пренесува „Би-Би-Си“.

Тој, исто така, работел како сметководител за фирми поврзани со познатите и контроверзните браќа Гупта, кои ги негираат обвинувањата за поткуп. Полицијата ќе истражува дали има врска помеѓу убиството на Мареј и овие истраги за корупција.

Мареј бил застрелан од непознати вооружени лица додека возел во Јоханесбург со неговиот 28-годишен син Томас, правен советник. Неговиот син починал на местото на настанот, додека Мареј бил пренесен во болница, а подоцна починал од повредите, објавија локалните медиуми, цитирајќи портпарол на полицијата.

Двајцата се возеле во семејната „Тојота Прадо“ кон нивниот дом во Преторија, објавија јужноафриканските медиуми. Една од компаниите во кои работел Мареј е Босаса, владин изведувач специјализиран за затворски услуги. Комисијата за борба против корупција Зондо заклучила дека компанијата опширно поткупувала политичари и владини претставници за да добие владини договори за време на деветгодишното претседателствување на Џејкоб Зума, од 2009 до 2018 година.

Зума одбил да соработува со истрагата и отфрлил обвинувањата за корупција. Во 2018 година, актуелниот јужноафрикански претседател Сирил Рамафоса рекол дека ќе отплати донација од 35.000 американски долари од Босаса.

Антикорупцискиот истражител откри дека го довел во заблуда парламентот во врска со донацијата, но тоа откритие беше отфрлено од Високиот суд во земјата.

Обид да се обели образот на партијата на Нелсон Мандела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот