Јужноафриканската полиција уапси над 120 мажи по групното силување на осум жени

Полиција Јужна Африка/ Фото EPA-EFE/STR

Десетици мажи се приведени откако минатата недела се појави информација за наводно групно силување на осум жени на снимање на музичко видео во Јужна Африка. Се очекува осомничените да се појават денес пред судот, откако полицијата уапси повеќе занаетчиски рудари, кои локалното население ги обвинува за широко распространето насилство.

Апсењата во близина на Кругерсдорп, град северозападно од Јоханесбург, се зголеми на повеќе од 120.

Сепак, ниту еден од уапсените мажи и момчиња, наводно, не е обвинет за сексуален напад или силување. Полицијата соопшти дека се надева дека ДНК тестовите ќе им овозможат во наредните денови да поврзат некои од приведените со наводното групно силување, пишува „Гардијан“.

Обвинетите, за кои се смета дека се рудари кои работат во опасните напуштени окна во Јужна Африка, наводно се соочуваат со обвиненија, вклучително и поседување огнено оружје и нелегално ископување.

Во понеделникот, јужноафриканскиот претседател, Сирил Рамафоса, ја замоли јавноста да се приклучи во случајот и да помогнат во пронаоѓањето на оние кои го извршија нападот минатиот четврток.

Осум манекенки силувани во Јужна Африка, вооружени мажи ги нападнале додека снимале спот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот