Јужноафриканците чекаат во редови за алкохол и цигари, ги пустошат продавниците (ФОТО)

Во ЈАР поголем стравот од мерките и рестрикциите отколку од самата мутација/ Фото: EPA

Јужноафриканците стојат во редови пред продавниците за алкохол и ги разграбаа и цигарите од рафтовите откако се ублажени карантинските мерки според кои тие производи беа забранети.

Редици се формирани пред продавниците за алкохол во Кејп Таун, Јоханесбург и другите градови, пренесоа локалните медиуми.

Јужноафриканската Република, која има петта најголема стапка на зараза од новиот коронавирус во светот и најголема во Африка, воведе еден од настрогите карантини во светот откако во март фати пандемијата од коронавирус.

18 август 2020 / Јоханесбург, Јужна Африка / Фото: EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Единствена воведе забрана за алкохол и тутунски производи, а владата објасни дека тоа ќе помогне да се ослободат болнички кревети и да се ограничат респираторните болести.

Продажба на алкохол беше кратко дозволена во јуни, а во јули повторно е дозволена.

18 август 2020 / Јоханесбург, Јужна Африка / Фото: EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Критичарите на мерките предупредуваат дека токму поради овие одлуки јужноафриканската држава  изгубила многу даночни приходи и работни места, а тоа директно придонело за порастот на продажбата на алкохолни и тутунски производи на црниот пазар.

18 август 2020 / Јоханесбург, Јужна Африка / Фото: EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафос изјави дека во текот на викендот се чинело како земјата да го поминала врвот на кризата и дека поради тоа карантинот е ублажен на втор степен од вкупно пет.

Во земјата се потврдени повеќе од половина милион заразени, а досега починаа околу 11.800 лица.

18 август 2020 / Јоханесбург, Јужна Африка / Фото: EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Рестораните и баровите ќе можат повторно да послужуваат алкохолни пијалоци, но само до 22 часот, а во продавниците ќе може да се купат од понеделник до четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот