Јужна Осетија го чека сигналот од Москва за референдум за приклучување кон Русија

Грузија Осетија EPA/ZURAB KURTSIKIDZE

Новиот лидер на отцепениот грузиски регион Јужна Осетија денеска информираше оти треба да се почека сигнал од Москва, пред референдум за придружување на Русија.

Москва ги призна независноста на Јужна Осетија и на крајбрежните региони на Абхазија, по кратката војна со Грузија во 2008 година, им обезбеди дарежлива финансиска помош, на жителите им понуди руско државјанство и ги распореди своите војници.

Алан Глагоев, кој го победи претседателот на заминување, Анатолиј Бибилов, на изборите одржани за викендот, за ТАСС изјави дека Русија треба да даде зелено светло за да има референдум за придружување.

– Ова не едностран процес. Мораме да го разбериме нашиот стратешки партнер (Русија). Штом добиеме сигнал, штом биде јасно дека дошол часот, ние сигурно ќе имаме референдум, тврди Глагоев.

Односот на Москва кон Јужна Осетија и Абхазија постави преседан за најновите настани во Украина. Претседателот Владимир Путин на 21 февруари ги призна украинските Донецк и Луганск како независни и три дена подоцна, изврши инвазија, под изговор за заштита на руските жители од „геноцид”, како што тврди, што го спроведуваат украинските сили.

Грузија соопшти дека планови за било какви референдуми, се неприфатливи. Потези на Јужна Осетија во насока на придружување на Русија, сигурно би предизвикале силна осуда од Западот, коментираат медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот