Јужна Кореја: Вакцинацијата не е поврзана со неколкуте смртни случаи
Јужна Кореја денеска соопшти дека не пронашла врска со вакцинацијата против ковид-19 и неколку смртни случаи.
Здравствените работници ја истражуваа смртта на осум лица, хронично болни, кои имале различни реакции по приемот на вакцината „АстраЗенека”, но додаваат дека смртните случаи не се поврзани со добиените дози.
– Заклучивме дека е тешко да се утврди каква било поврзаност на реакциите по вакцинацијата и смртните случаи, рече директорот на Јужнокорејската агенција за спречување и контрола на заразни болести (КДЦА).
Сеул, исто така, нареди 100.000 странски работници да бидат тестирани, откако се појавија жаришта во населените места каде што живеат.
На крајот на февруари, Јужна Кореја започна да ги вакцинира вработените во домовите за стари лица и нивните корисници, како и другите жители кои припаѓаат на ризични групи, така што до недела биле вакцинирани 316.865 лица.