Јужна Кореја повторно воведе рестриктивни мерки: Нови жаришта на коронавирусот во Сеул

Јужна Кореја/ Фото: ЕПА

Новите жаришта на коронавирус во јужнокорејскиот главен град Сеул властите ги прогласија за „кризна состојба” и повторно се воведени одделни рестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

Затворени се повеќе од 200 училишта, а повторното отворање на неколку стотина образовни институции е одложено.

Здравствените власти побараа од граѓаните во текот на следните две недели да се придржуваат кон превентивните мерки, кои подразбираат физичко дистанцирање и зајакнати мерки на претпазливост.

Парковите и музеите во Сеул и околните места се затворени, а од луѓето е побарано да ги избегнуваат масовните собирања.

Во Јужна Кореја немаше воведено полициски час, туку властите се потпреа на личната одговорност на граѓаните и масовното следење и тестирање.

Повеќето новозаразени лица се поврзани со дистрибутивен центар во северниот дел на Сеул. Вирусот е откриен на чевлите и облеката на еден работник во центарот, а властите се загрижени бидејќи новото жариште е во близина на најнаселената област.

Во последните 24 часа се регистрирани најмалку 56 нови случаи на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот