Јужна Кореја поради коронавирусот ги затвори училиштата во Сеул

epa08461893 Students arrive at school while keeping distance from each other at Joongang Elementary School on Jeju Island, South Korea, 03 June 2020. South Korea is in the third phase of school reopening, which includes high school first-graders, middle school second-graders and elementary school third- and fourth-graders. EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Сеул во понеделникот првпат нареди маски да се носат задолжително и на затворени и на отворен јавен простор и да се затворат црквите, ноќните клубови, караоке баровите и останатите места со висок ризик.

Јужна Кореја во вторникот нареди да се затворат повеќето училишта во Сеул и околните подрачја и повторно наставата да се одржува онлајн, што е најновата во низата мерки за претпазливост за спречување на натамошниот пораст на бројот на случаи на коронавирус.

Корејските центри за контрола и превенција на болести се пријавија 280 случаи до понеделникот на полноќ, и земјата сега има  17.945 заразени и 310 починати.

Тоа значи пад во дневниот број на новозаразени. До саботата во полноќ имало 397 случаи, што беше највисока дневна бројка од почетокот на март.

Иако повеќето нови случаи се во густо населеното подрачје на главниот град, здравствените власти велат дека земјата е на работ на повторно избивање на заразата и ги повикуваат луѓето да останат дома и да ги одбегнуваат патувањата.

Сите ученици, освен учениците од завршните одделенија од средните училишта, во градовите Сеул и Инчеон и покраината Геонџи ќе имаат онлајн настава до 11 септември, соопшти министерството за образование во вторникот.

Во последните две недели најмалку 150 ученици и 43 училишни работници биле позитивни на тестирањето на коронавирус на поширокото подрачје на Сеул, рече министерката за образование Ју Еун Хае на брифингот.

Сеул во понеделникот првпат нареди маски да се носат задолжително и на затворени и на отворен јавен простор и да се затворат црквите, ноќните клубови, караоке баровите и останатите места со висок ризик.

Министерот за здравство Парк Неунг Ху денеска ги повика лекарите под „итно да се вратат во медицинските установи каде ги чекаат пациентите“.

Лекарите протестираа против неколку владини предлози, вклучувајќи го и планот за 4.000 да се зголеми бројот на студенти по медицина во текот на наредните 10 години.

Владата рече дека план е потребен поради подобра подготвеност за јавноздравствена криза како што е пандемијата од коронавирус.

Лекарските здруженија велат дека тоа само непоребно ќе ги преплави пазарите, а малу ќе придонесе за поправање на проблемите во системот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот