Јужна Кореја: Парламентот повторно гласа за импичмент на претседателот, протести низ целата земја

Јужна Кореја протести EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Јужнокорејската владејачка Партија на народна моќ (ППП) најавува можност нејзините пратеници да и се придружат на опозицијата во Националното собрание во гласањето за отповикување на јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол, закажано за денеска, објави Јонхап.

Како што јавува Би-Би-Си, стотици демонстранти почнаа да се собираат пред Националното собрание во Сеул, каде попладнево треба да се гласа за импичмент на јужнокорејскиот претседател поради неговиот неуспешен обид да воведе воена состојба.

Пратеникот на ППП, Чо Кјунг Тае, им рече на новинарите дека членовите на партијата се наклонети кон учество во парламентарното гласање, но останаа поделени околу тоа дали да гласаат за или против предлогот за импичмент.

 „Постои голема разлика во мислењата меѓу оние кои го одобруваат и оние кои не го одобруваат (на предлогот за импичмент)“, рече Чо Кјунг Тае.

Првата иницијатива за импичмент против Џун Сук Јеол, за прогласување воена состојба на 3 декември, беше отфрлена минатата сабота поради немање кворум, при што речиси сите пратеници од владејачката Партија на Народната моќ го бојкотираа гласањето.За усвојување на предлогот е потребно двотретинско мнозинство, за што би била потребна поддршка од најмалку осум пратеници од ЈПП. Како што беше најавено, денеска во Јужна Кореја ќе се одржат собири низ земјата со барање за импичмент на претседателот Јун Сук Јеол, поради неговиот неуспешен обид да воведе воена состојба минатата недела.

Планирани се протести низ поголемите градови, каде демонстрантите ќе го повикаат Јун Сук Јеол да поднесе итна оставка и да апелира до пратениците од владејачката ППП да го поддржат предлогот за импичмент, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот