Јужна Кореја ќе бара екстрадиција на поранешниот „крал на криптовалутите“

Фото МИА

Јужна Кореја ќе побара екстрадиција на До Квон, еден од најбараните светски бегалци од областа на криптокриминалот, кој беше уапсен во Црна Гора, изјави денеска портпаролката на обвинителството во јужен Сеул, Ким Хје-кјунг.

РТЦГ јави дека јужнокорејските државјани До Квон и Хон Чанд Јун се приведени по сослушувањето во Основното државно обвинителство кое заврши рано утринава.

„Јужнокорејските обвинители ќе преземат чекори за да го вратат Квон До-Хјунг во земјата. Работиме на тоа“, рече Ким Хје-кјунг.

Црногорските власти вчера соопштија дека е уапсен јужнокорејскиот државјанин До Квон.

На крајот на декември минатата година, јужнокорејските власти објавија дека Квон, ко-основачот и извршен директор на компанијата „Terraform Labs“ чие седиште е во Сингапур, најверојатно се крие во Србија.

Квон го бараат Јужна Кореја, САД и Сингапур, а Интерпол по него распиша меѓународна потерница во септември.

Тој е обвинет за измама и кршење на правилата на пазарот на капитал по колапсот на дигиталните монети „тера“ и „луна“ во мај минатата година, како резултат на што инвеститорите загубија околу 42 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот