Јужна Кореја ќе тестира 200.000 членови на верска група за коронавирус

Фото: МИА

Јужна Кореја јави за десеттиот смртен случај од вирусот наречен Ковид-19, додека Корејскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти за 144 нови случаи на заразени од коронавирус.

Јужнокорејските здравствени власти соопштија дека планираат да направат тестирање кај повеќе од 200.000 членови на верската група Шинчеонџи, која е центар на епидемијата на коронавирус во земјата, каде што има 977 заразени.

Околу 68 отсто од јужнокорејските случаи се поврзани со верската заедница Шинчеонџи во која 61-годишна жена го прошири коронавирусот, но и натаму не е познато како таа се заразила.

Јужна Кореја јави за десеттиот смртен случај од вирусот наречен Ковид-19, додека Корејскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти за 144 нови случаи на заразени од коронавирус.

Голем број од новите случаи се забележани во југоисточниот град Даегу, каде што се наоѓа заедницата Шинчеонџи.

Јужнокорејскиот претседателот Мун Џае-ин ја оцени ситуацијата како многу тешка за време на првата посета на овој град од почетокот на епидемијата и рече дека идната недела ќе биде клучна во борбата против коронавирусот.

Водачот на верската група рече дека се согласил да ги даде имињата на своите членови на властите во Јужна Кореја.

Според локалните медиуми, нивниот број изнесува околу 215.000. Владата ќе спроведе тестови за коронавирус кај сите членови, откако ќе го добие списокот.

„Важно е да се тестираат сите членови за да се спречи ширењето на вирусот и да се смири загрижената јавност”, се наведува во соопштение од Кабинетот на премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот