Јужна Кореја ќе поднесе тужба против активистите кои праќале летоци во Северна Кореја

Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Владата на Јужна Кореја денеска најави дека ќе поднесе тужба против две активистички групи, кои во Северна Кореја праќале летоци и шишиња наполнети со ориз, поради наводно кршење на законот за праќање неовластен материјал.

Соопштението од Министерството за обединување на Јужна Кореја беше објавено еден ден откако Пјонгјанг објави дека ги прекинува сите канали на комункација со Сеул, поради нејзината неспособност да ги спречи луѓето кои бегаат од земјата и активисти да испраќаат летоци преку граница.

Портпаролот на Министерството, Јох Санг-кеј изјави дека двете организации против кои ќе биде поднесена тужба, предизвикале тензија помеѓу двете земји и ги загрозиле животите и безбедноста на жителите во јужнокорејската погранична област.

Активистите од Јужна Кореа со години испраќаат балони со летоци во Северна Кореа, во кои се критикува севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун поради неговите нуклеарни амбиции и кршење на човековите права.

Во 2014 година кога јужнокорејски активисти испратија балони со пропаганден материјал,  беше разменет оган во демилитаризирана зона, но инцидентот заврши без жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот