Јужна Кореја ќе им се придружи на САД во обезбедување на важна стратешка точка на Блискиот исток

воен брод
Воен брод, илустрација / Фото: Профимедиа

САД го обвинуваат Иран за низа напади врз бродови во Ормутски Теснец, што е важна стратешка точка за светската трговија со нафта.

Јужна Кореја ќе испрати воен брод со 300 морнари во Ормутски Теснец, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.

Таквата одлука е донесена на барање на САД, во време на зголемени тензии помеѓу Вашингтон и Техеран.

САД го обвинуваат Иран за низа напади врз бродови во Ормутски Теснец, што е важна стратешка точка за светската трговија со нафта.

Во Ормутскиот Теснец и САД испрати поморска мисија.

Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека бродот нема да биде дел од воено поморската мисија на САД и покрај тоа што двата офицера за врска ќе бидат испратени во Штабот на САД за „размена на информации”.Јужна Кореја има дипломатски односи со Техеран уште од 60-тите години на минатиот век. Иран е еден од клучните снабдувачи на нафта на Сеул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот