Јужна Кореја истражува причини за смрт на двајца пациенти кои примиле анти-ковид вакцина на „АстраЗенека“

Скопје, 17 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Јужнокорејските власти денеска соопштија дека истражуваат смрт на две лица со веќе постоечки симптоми, кои починале за неколку дена по приемот на вакцината ковид-19 на „АстраЗенека“.

– Кај 63-годишен пациент во старечки дом со цереброваскуларна болест се појавија симптоми, меѓу кои и висока температура по четири дена од апликација на вакцината, изјави директорот на Агенцијата за контрола и превенција на болести на Кореја (КДЦА), Jeонг Јун-кјонг.

Пациентот во вторникот бил преместен во друга, поголема, болница, но починал откако покажал симптоми на труење на крвта и пневмонија, објави новинската агенција „Јонхап“.

Друг пациент во дом за стари лица со срцево нарушување и дијабетес почина во средата, откако доживеа повеќе срцеви удари по примање на вакцината ден порано, соопшти агенцијата.

КДЦА соопшти дека ги истражува причините за смртта, но не потврди никаква врска со вакцината. Агенцијата претходно соопшти дека ќе обезбеди компензација од над 430 милиони вони (383.466 УСД) за смртни случаи од вакцината ковид-19.

– КДЦА спроведува епидемиолошки истражувања со релевантни локални власти за да потврди каква било врска со инокулацијата, рече Јеонг.

Портпарол на „АстраЗенека“ во Сеул изјави дека компанијата засега нема коментар.

Јеонг истакна дека не се регистрирани смртни случаи при примање на ковид-вакцини што се развиени од компаниите „АстраЗенека“ или „Фајзер“/„БајонТек“.

КДЦА соопшти дека од луѓето кои примиле вакцини за коронавирус, 207 имале несакани реакции, вклучувајќи три случаи на тешки алергиски реакции, познати како анафилакса.

Јужна Кореја минатата недела започна со вакцинација на своето население. До вторникот на полноќ, 85.904 лица ги примиле првите дози на вакцината „АстраЗенека“ и на 1.524 им биле дадена вакцина на „Фајзер“, се вели во соопштението на КДЦА.

Јужна Кореја пријави 444 нови потврдени случаи со ковид-19 во вторникот, за разлика од 344 во понеделникот, со што вкупниот број на заболени се зголеми на 90.816 инфекции од кои 1.612 пациенти починаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот