Јужна Кореја: Граѓаните страдаа поради коронавирусот и сега заслужуваат награда за нивните напори

Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Јужна Кореја најави дека на сите семејства, освен на најбогатите, итно ќе им префрли на сметка финансиска помош за да можат полесно да се изборат со коронакризата, а во план е уште еден буџетски додаток со цел да се олесни притисокот врз економијата.

На секое домаќинство, со исклучок на 30 отсто од нив со најголеми заработувачки, ќе му биде префрлено по околу 820 долари како „итна помош во случај на катастрофа“, што ќе ја чини земјата околу 7,4 милијарди долари, најави денеска јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

– Граѓаните трпеа поради коронавирусот и сите заслужуваат награда за страдањето и придонесот во превентивните напори – истакна Мун.

Тој нагласи дека „Владата мора да собере колку може повеќе финансиска сила за да се подготви за економскиот шок кој следува и не му се гледа крајот“.

Властите, исто така, планираат да подготват уште еден буџетски додаток во вредност од речиси 5,80 милијарди долари, кој Парламентот се очекува да го одобри во април.

Најавено е дека некои мали и средни компании од овој месец ќе бидат ослободени од обврските да плаќаат сметки за комунални услуги.

Новите мерки се надоврзуваат на останатите потези кои ги презеде Владата во обид да се намали притисокот од здравствената криза врз јужнокорејската економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот