Јужна ја обвинува Северна Кореја дека испуштила вода од брана и предизвикала поплави

поплава јужна кореја фото EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Северна Кореја испуштила вода од брана во близина на нејзината граница со Јужна Кореја, принудувајќи го околното население во соседната земја да се евакуира поради зголемувањето на нивото на водата на реката Имџин, соопштија денеска јужнокорејски официјални лица.

Нивото на водата кај речниот мост во јужната погранична област Јеончеон вчера попладне надмина еден метар, принудувајќи ги луѓето кои живеат крај реката да се евакуираат, соопшти владата во Сеул.

„Се чини дека Северна Кореја испушти вода од својата брана Хванганг”, изјави официјален претставник на Министерството за обединување на Јужна Кореја, кое се занимава со односите меѓу двете земји, пренесоа британските медиуми.

Јужнокорејските власти испратија предупредувачки пораки до  жителите од овој регион и им наредија да се евакуираат во безбедно место.

Сè уште не е познато колку луѓе морале да ги напуштат своите домови по сомнителното испуштање вода, а се известува дека нивото на водата сега се повлекува откако надмина 1,6 метра, јавуваат британските медиуми.

Северна Кореја прави напори да ги намали штетите од поплавите од неодамнешните обилни дождови, а Сеул во неколку наврати ја повика земјата да извести пред да испушти вода од браната, бидејќи реката тече низ Јеончеон, но досега нема одговор од Пјонгјанг.

Испуштањето вода од браната во 2009 година доведе до поплави во кои загинаа шест Јужнокорејци, дополнуваат британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот