Јужна Африка: Смртта на тинејџерите поврзана со нешто што јаделе, пиеле или пушеле

јужна Африка убиство фото Профимедиа

Јужноафриканските власти, кои ја истражуваа смртта на 21 тинејџер во ноќен клуб на источниот брег за време на викендот, денеска соопштија дека причината за смртта на младите најверојатно е нешто што јаделе, пиеле или пушеле, а можноста за стампедо е исклучена.

„Тоа е или нешто што го проголтале и се отруле, без разлика дали е храна или пијалок, или нешто што го вдишувале”, рече Унати Бинкосе, портпарол на одделот за безбедност на заедницата во провинцијата Источен Кејп.

Тој додаде дека целосно се исклучува можноста дека станува збор за станпедо.

Според портпаролот на полицијата во провинцијата, Тембинкоси Кинан, најмладата жртва е 13-годишно девојче.

Претседателот Сирил Рамафоза во неделата изјави дека е загрижен за околностите под кои на младите, вклучително и на оние помлади од 18 години, им било дозволено да се собираат во клубот.

Во Јужноафриканската Република е забрането да се служат пијалоци на деца под 18 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот