Јужна Африка е прва земја што ќе се имунизира со вакцината на „Џонсон&Џонсон“

Вакцинирање против ковид-19 во Јужна Африка / Фото: EPA-EFE/GIANLUIGI GUERCIA/POOL Attention editors; best quality available

Јужна Африка стана прва земја во светот што го почна процесот на имунизација против ковид-19 со вакцина на „Џонсон&Џонсон“. Производот на американската компанија содржи безопасен вирус на САРС Ков-2, кој не предизвикува заболување, но, сепак, дава имунолошки одговор.

За разлика од анти-ковид оружјата на останатите фармацевтски гиганти, вакцината на „Џонсон&Џонсон“ се аплицира во една доза.

Првата вакцина од 80.000 дози ја прими медицинска сестра во болницата во Кејп Таун и тој момент беше овековечен пред камерите. Вакцината потоа ја прими и претседателот Сирил Рамафоса.

Јужна Африка наскоро очекува уште 420.000 дози од „Џонсон&Џонсон“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот