Јувентус утре ќе го презентира новиот тренер

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Маурицио Сари по само една година во Челси каде дојде како замена за Антонио Конте, си заминува од Лондон. Тој успеа да триумфира во Лигата на Европа но не успеа да ги освои симпатиите на навивачите поради неговиот стил на игра. Откако Јувентус по крајот на сезоната му врачи отказ на Масимилијано Алегри, Сари беше еден од главните фаворити за негов наследник.

Единствена пречка која го делеше Сари од клупата на Јувентус беше барањето на Челси за компензација, но менаџерот Фали Рамадани успеа да се договори со управата на „сините“ и тренерот е слободен во изборот на новиот клуб.

Џанлука Ди Марцио кој е „стручњак“ за трансфери во Серија А и ретко греши во своите објави, овој пат најави дека до утре се очекува Маурицио Сари да биде официјално презентиран како нов тренер на Јувентус.

И весникот „Тутоспорт“ кој е близок до Јувентус, напиша дека официјалната презентација на Сари ќе биде во текот на утрешниот ден.
Јувентус и Маурицио Сари се договорија за тригодишна соработка која на тренерот ќе му носи 6.5 милиони евра по сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот