Јувентус тргна по Суарез, Уругваецот бара 25 милиони евра од Барселона
Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, не смета на услугите на Гонзало Игуаин и му дозволи да си замине, но остана без напаѓач. Поради тоа дебитантот на клупата побара од управата да му донесе нов напаѓач.
Според познатиот италијански новинар, Џанлука ди Марцио, Јувентус е сериозно заинтересиран за Луис Суарез кој исто така беше отпишан од новиот тренер на Барселона, Роналд Куман.
Тука нема ништо спорно, Ди Марцио претпоставува дека Суарез одлично ќе се вклопи во играта на Јувентус и ќе има одлична соработка со ѕвездите на тимот, Кристијано Роналдо и Пауло Дибала, а „старата дама“ инстатно ќе стане еден од главните фаворити за трофејот во ЛШ.
Сепак, проблем може да претставува тоа што Суарез има уште една година од договорот со Барселона и челниците на екипата ќе се обидат да извлечат што поголемо обесштетување, а поголеми главоболки на Хосеп Марија Бертомеу му задава барањето на Уруфваецо да добие отпремнина од дури 25 милиони евра бидејќи Куман не смета на неговите услуги.