Јувентус со три опции за Кристијано Роналдо

твитер

Поради кризата со Ковид-19, италијанскиот шампион е во сериозен проблем и може да го загуби еден од своите најискусните фудбалери.

Фудбалските клубови ширум светот се погодени на финансиски план поради паузата од коронавирусот, кој го стопираше спортот на скоро сите места на планетата.

Оние најбогатите се во најголем проблем, затоа што зависат од продажбата на влезниците, ТВ правата, а сега тие имаат само расходи на огромни плати.

Логично, фудбалерите кои имаат најголеми плати се тие кои најмногу ги оптеретуваат буџетите на своите клубови, а во Јувентус тоа е Кристијано Роналдо.

Поради кризата со Ковид-19, италијанскиот шампион е во проблем и може да го загуби еден од најискусните, а шпанската „Марка“ носи три опции за судбината на Португалецот во Торино.

Фудбалерите претходно се договорија за намалување на платите во Јувентус, што ќе му донесе на клубот заштеда од 90 милиони евра, но според „Ил Месаџеро“, тоа нема да биде доволно.

Клубот со сите сили се обидува овој период да биде финансиски што постабилен, со оглед на тоа што Роналдо најмногу заработува, односно 31 милион евра годишно.

Како што е веќе познато Роналдо до јуни ќе остане пократок за скоро четири милиони евра, односно од толку се откажа во контекстот за намалување на платите.

Првата опција е Јувентус да го продаде Роналдо за 70 милиони евра или повеќе. Втората опција е Португалецот да остане во Торино без продолжување на договорот, а третата опција е играчот да го продолжи договорот на уште една сезона, согласувајќи се на намалена плата за една година.

35-годишниот Кристијано Роналдо има договор со Јуве до 30 јуни 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот