Јувентус си најде тренер за следната сезона

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Екипата на Јувентус во текот на минатата недела остана без тренер, но управата веќе неколку недели води тајни преговори со тренерот кој котира највисоко на листата на желби на раководството.

Според италијанските и англиските медиуми, нов тренер на Јувентус ќе биде сегашниот стратег на Тотенхем, Маурицио Покетино. Италијанскиот шампион чека да се одигра финалето на Лигата на шампионите (1 јуни) и официјално да објави дека Аргентинецот е наследникот на Масимилијано Алегри, кој по пет години, во петокот го напушти Јувентус.

Покетино договорил тригодишна соработка со „старата дама„ вреден 12 милиони евра и веќе му ја соопштил својата одлука на претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.
Проблем во реализација на трансферот може да претставува клаузулата од 40 милиони евра за „слободата“ на Тотенхем, но ниту тренерот ниту Јувентус имаат намера да ја платат целата сума.

И двете страни се надеваат дека Тотенхем со пласманот во финалето на ЛШ направил огромен успех и поради тоа треба на Покетино да му биде дозволено да си замине.

Доколку не успеат да се договорат со Леви, челниците на Јувентус се подготвени да чекаат една година и другото лето да го ангажираат Покетино, а како преодно решение се споменува сегашниот тренер на Лацио, Симоне Инзаги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот