Јувентус си најде тренер во Англија

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Повеќе нема дилеми во Јувентус, по третото “Не“ од Пеп Гвардиола, нов тренер на италијанскиот шампион ќе биде стратегот на Челси, Маурицио Сари.

Откако им пропадна примарниот план, челниците на „старата дама“ веднаш го активираа планот „Б“ и ќе потпишат тригодишен договор со Маурицио Сари кој ќе заработува седум милиони евра по сезона.

Италијанецот  моментно е тренер на Челси и има успешна сезона, ќе игра во финалето на Лигата на Европа, во Премиер лигата го освои третото место, веднаш зад неприкосновените Манчестер сити и Ливерпул но ја нема поддршката од навивачите на „сините“ кои не се задоволни од неговиот стил на игра.
Сари има договор на уште две години и најавуваше дека сака да остане во тимот но откако се јави Јувентус, одлучи да се врати во Италија.

Тој не постави никакви специјални барања до управата на „старата дама“, единствено бара да се доведе уште еден дефанзивец кој би бил замена за капитенот Џорџо Кјелини, и евентуално да се направи обид да се купи Жоргињо од Челси. Сари на претседателот Андреа Ањели му најавил дека не сака да се откаже од Пауло Дибала и Миралем Пјаниќ кои се споменуваа како сигурни фудбалери кои ќе си заминат од „Алијанц“ арената.

Според дел од италијанските медиуми, Сари е предложен токму од Гвардиола кој му напоменал на Ањели дека Италијанецот е идеално решение за наредните две сезони пред тој да пристигне во Јувентус, бидејќи и двајцата тренери негуваат речиси идентичен стил на игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот