Јувентус си најде нов напаѓач за 150 милиони евра

twitter/UEFA2020

Италијанскиот тим за време на летото ќе бара нов напаѓач бидејќи челниците сметаат дека времето на Гонзало Игуаин е поминато.

Според „Тутоспорт“ управата на Јувентус сака да ангажира напаѓач кој има слични карактеристики како фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, за да може првата ѕвезда на екипата Кристијано Роналдо максимално да биде ефективен како што тоа го правеше во „кралскиот“ клуб.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, како прва мета го означи напаѓачот на Тотенхем и на англиската репрезентација, Хари Кејн, пишува торинскиот весник „Тутоспорт“.

Сепак, реализацијата на трансферот може скапо да го чини Јувентус, поточно помеѓу 150 и 170 милиони евра со што Кејн би станал најскап фудбалер во историјата на италијанскиот тим.

Одличниот англиски репрезентативец во 2018 година потпиша шестгодишен договор вреден 17 милиони евра по сезона, но испаѓањето на Тотенхем од Лигата на шампионите, неможноста да екипата да се бори за трофеите, како и повредата на Кејн се доволна причина за Јувентус да тргне во акција.

Доколку не успее да се договори со тврдоглавиот претседател на Тотенхем, Даниел Леви, кој претходно најави дека ќе бара најмалку 250 милиони евра за Кејн, Јувентус како резервна опција го означи Маури Икарди. Икарди е под договор со Интер, но сезонава настапува како позајмен фудбалер во ПСЖ и лесно може да се случи да се пресели во Јувентус доколку Паратичи плати 70 мииони евра обесштетување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот