Јувентус остана без столбот во одбраната

Кјелини го повреди десното колено на вчерашниот тренинг на Јувентус, по што лекарскиот тим на „старата дама“ утврди дека станува збор за повреда која ќе го одвои од терените најмалку шест месеци.

Од Јувентус потврдија дека операцијата е неизбежна и ќе биде извршена во наредните денови.

Екипата на Јувентус вечерва во рамките на второто коло од Серија А го очекува дерби пресметката со Наполи, и се очекува местото на Кјелини да го зазеде најскапото засилување на екипата во летниот преоден рок, Матијс де Лихт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот