Јувентус не заврши со шопингот, во најава две екстра засилувња

Италијанскиот шампион Јувентус е решен по секоја цена во наредната сезона да ја освои титулата во Лигата на шампионите и поради тоа летово ангажира екстра квалитетни засилувања. Во очекување на официјализација на трансферот на Матијс де Лихт од Ајакс кој ги договори личните услови со „старата дама“, директорите Паратичи и Недвед работат на уште две екстра засилувања.

Иако во текот на денешниот ден се појави информација дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе се пресели во Манчестер јунајтед, вистинса бомба објави „Калчомеркато“, српскиот репрезентативец не оди во Англија.

Причината за ова е токму Јувентус, кој успеа да се договори со фудбалеерот, Милинковиќ-Савиќ ќе добива шест милиони евра плата, а ќе потпише петгодишен договор со „старата дама“.

Засега, трансферот не може да се реализира во најскоро време поради големите барања на Лацио, римскиот тим бара 100 милиони евра обесштетување но за очекување е сумата да се намали.

Втората бомба на Јувентус е напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жесус. Тренерот Маурицио Сари кој минатата сезона го водеше Челси, одлично ги познава квалитетите на Жесус кој, пак, не е задоволен од статусот во Манчестер сити бидејќи му е резерва на Серхио Агуеро.

Јувентус е подготвен да плати околу 50 милиони евра за неговите услуги, или да се обиде да го размени Бразилецот за Алекс Сандро кој е на листата на желби на тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот