Јувентус не може да победи без Роналдо и Дибала (ВИДЕО)

epa08754092 Juventus' Alvaro Morata (2-L) scores the 1-1 equalizer during the Italian Serie A soccer match between FC Crotone and Juventus FC at Ezio Scida stadium in Crotone, Italy, 17 October 2020. EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Екипата на Кротоне го освои првиот бод во Серија А и тоа против шампионот.

Актуелниот шампион во Серија А не е толку силен кога на теренот ги нема најголемите ѕвезди, Кристијано Роналдо и Пауло Дибала.

„Старата дама“ во трилер натпревар ремизира играјќи 1:1 на гостувањето кај Кротоне.
Натпреварот започна кошмарно за Јувентус, Леонардо Бонучи уште во 11. минута преагресивно влезе во дуел за топката и направи пенал кој успешно го реализира Симеон Нванкво.

Повратникот во Јувентус, Алваро Мората, на првиот натпревар веднаш се запиша во листата на стрелци во 21. минута.

За разлика од Мората, кошмарно деби во „црно-белиот“ дрес имаше Федерико Киеза кој во 60. минута заработи црвен картон поради груб старт.
Јувентус постигна гол во 76. минута преку Мората, но судијата го поништи поради офсајдф и го остави шампионот без победа.
Ова беше прв освоен бод за Кротоне, додека Јувентус по четири кола има две победи и две ремија и засега се наоѓа на третото место на табелата со осум бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот