Јувентус не го дава врвот, Роналдо и Дибала ја решија Болоња (ВИДЕО)

EPA-EFE/GIORGIO BENVENUTI

Мртвата трка за титулата во Серија А продолжува по тримесечната пауза, а Јувентус не ја дава пол позицијата.
„Старата дама“ како гостин со 0:2 ја совлада Болоња и остана на лидерската позиција во Серија А со 66 бода, четири повеќе од Лацио кој има и натпревар помалку.

Дилемите околу победникот беа разрешени во првото полувреме, а за тоа се погрижија најдобрите играчи на Јувентус, Кристијано Роналдо и Пауло Дибала.


Прво Роналдо во 23. минута беше сигурен реализатор на пеналот кој беше досуден по сомнителниот прекршок на Денсвил над Матијс де Лихт.
Конечниот резултат го постави Пауло Дибала во 36. минута.

Претходно екипата на Милан со убедливи 1:4 славеше на гостувањето кај Лече и остана во трката за место кое носи пласман во Лигата на Европа. Кастиљехо, Бонавентура, Ребиќ и Леао погодија за Милан, додека почесниот гол за домашниот тим беше дело на Манкосу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот