Јувентус на лето ќе прави ремонт на екипата, на радарот четири имиња

epa08969698 Juventus? Gianluca Frabotta (3R) scores a goal (2-0) during the quarterfinal of the Italian Cup soccer match Juventus FC vs S.P.A.L. at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 27 January 2021. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Без разлика на исходот во оваа сезона, фудбалерите кои не се вклопуваат во визијата на тренерот Андреа Пирло, ќе мора да си заминат.

„Старата дама“ во летниот преоден рок планира да го освежи средниот ред во нови фудбалери бидејќи дел од актуелните играчи не ги оправдаа очекувањата. Во прв ред тоа се Арон Ремзи и Адриен Рабио кои во Јувентус пристигнаа како слободни играчи, но и во втората сезона не покажуваат квалитет за да останат во Торино.

Тренерот Андреа Пирло заедно со директорскиот тандер Паратичи-Недвед, одлучија на лето да се ослободат од Ремзи и Рабио кои би можеле да останат само под еден услов, да се согласат на намалување на платите.

Вистински погодок за Јувентус е Американецот Вестон Мекени, додека Артур иако не ги оправда очекувањата, тој ќе остане на „Алијанц“ Арената и ќе добие уште една сезона да докаже дека заслужува да игра за „старата дама“.

Според италијанските медиуми, главниот фокус на Пирло во летниот преоден рок ќе биде ангажирање на плејмејкер и изборот падна на Родриго де Паул од Удинезе. Иако се смета дека Интер е фаворит во трката за неговиот потпис, Јувентус сака да ја искористи финансиската криза кај ривалот и да го донесе одличниот Де Паул, кој од минатата година е стандарден аргентински репрезентативец. Евентуалниот ангажман на Де Пол ќе значи и заминување од Јувентус на неговиот добар пријател Пауло Дибала кој не сака да потпише нов договор и би бил испратен во ПСЖ во замена за Маури Икарди. Пирло во Икарди го гледа идеалниот партнер во нападот на Кристијано Роналдо, а ова значи и дека договорот на Алваро Мората нема да биде откупен. Јувентус планира на лето да го ангажира и Мануел Локатели од Сасуоло кој беше желба на Пирло и минатото лето.
Четвртото засилување треба да биде на стоперската позиција, но тој трансфер ќе зависи од одлуката на капитенот Џорџо Кјелини дали ќе се пензионира на крајот од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот