Јувентус на колена, Пандев асистираше за титула на Наполи! (ВИДЕО)

фото: sscnapoli.it

Македонскиот репрезентативец го комплетираше пресвртот против Чезена, а блесна и на големото финале на Олимпискиот стадион во Рим..

На денешен (20 мај 2012 година) Наполи успеа да ја освои титулата во Купот на Италија, а свој придонес кон тој успех имаше и „Гранде Пандев“.

Својот настап во натпреварувањето „наполитанците“ го започнаа од осминафиналето, иако беа во негатива против Чезена, направија пресврт кој го комплетираше македонскиот репрезентативец Горан Пандев со погодок во 86 минута од средбата (2:1).

Потоа, во четвртфиналето Наполи со 2:0 со головите на Кавани пред своите навивачи го елиминираше миланскиот Интер.

Голот на Пандев против Чезена на 02:56 мин. од видео записот

Во првиот меч од полуфиналето загуби на гости кај Сиена (2:1), но ја анулираше негативата на реваншот со триумф од 2:0.

И во големото финале одржано на Олимпискиот стадион во Рим, Наполи го совлада Јувентус со 2:0. За водство стрелаше Кавани од пенал, а конечниот епилог го постави Хамшик во 83. минута после асистенцијата на Пандев.

Асистенцијата на Пандев против Јувентус на 02:50 мин. од видео записот

Досега клубот од „Сан Паоло“ има вкупно пет куп титули, последната ја освои во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот