Јувентус му постави ултиматум на Дибала, прифати нов договор или оди си

twitter/JuventusFC

„Старата дама“ осум години доминира во Серија А, но оваа сезона под водство на тренерот дебитант, Андреа Пирло не игра како што очекуваат навивачите и поради тоа планира да биде активна во зимскиот преоден рок.

Јувентус годината ја заврши на шестата позиција на табелата со 24 бода, дури 10 помалку од лидерот Милан, и со цел да фати приклучок на врвот на табелата ќе биде активен на трансфер пазарот, а главен приоритет е статусот на Пауло Дибала.

Аргентинец е во војна со управата на Јувентус која не сака да му даде договор каков што тој смета дека заслужува.

Според италијанските медиуми, Дибала бара 15-20 милиони евра годишно, додека Јувентус нуди максимално 10 милиони евра.
Згора на тоа, управата на „старата дама“ му поставила ултиматум на својот фудбалер, да го прифати понуденото или ќе биде продаден идната година.

Покрај решавањето на статусот на Дибала, челниците на Јувентус во зимскиот преоден рок планираат да го засилат нападот и да донесат играч кој ќе може да ги замени Кристијано Роналдо и Алваро Мората. Изборот падна на поранешниот шпански репрезентативец Фернандо Љоренте кој од 2013 до 2015 година настапуваше токму за Јувентус. Љоренте моментно е член на Наполи, но не е во плановите на Џенаро Гатузо.

Покрај Љоренте, како нов фудбалер на Јувентус се споменува и Мемфис Депај од Олимпик Лион на кого му истекува договорот идното лето. Депај требаше ова лето да потпише за Барселона но финансиските проблеми на каталонскиот тим го одложија транферот и сега во тимот од Торино се надеваат дека ќе успеат да го премислат одличниот напаѓач и наместо на „Камп Ноу“ да заврши на „Алијанц“ Арената во Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот