Јувентус му гарантира на Буфон дека ќе го надмине рекордот на Малдини

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон по едногодишната епизода во ПСЖ, ќе се врати во Јувентус. Тој во најското време треба да потпише договор со „старата дама“, а платата ќе му изнесува 1.5 милиони евра плус дополнителни бонуси. Но, тоа не е се во договорот на Буфон и Јувентус.

Весникот „Република“ откри дека голманот ќе има клаузула во договорот со која во наредната сезона ќе има најмалку десет настапи во првиот тим, од тоа осум во Серија А и два во Лигата на шампионите.

Целта на оваа клаузула е Буфон да стане фудбалер со највеќе настапи во Серија А, имено потребни му се уште осум настапи за да го престигне рекордот на легендата на Милан, Паоло Малдини кој дури 674 пати играше натпревари во Серија А.

Предвидено е по завршувањето на сезоната во 2020 година, Буфон да стане тренер на младинската екипа на Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот