Јувентус може да здивне, Дибала ќе потпише нов договор

Пауло Дибала како слободен агент ќе се раздели со „Старата дама“/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Најдобриот фудбалер на Јувентус сезонава, Пауло Дибала конечно успеа да се договори со управата на „старата дама“ и ќе потпише нов договор.

Дибала се согласи да потпише нов четиригодишен договор со Јувентус според кој ќе заработува осум милиони евра плу два милиони во бонуси, објавија италијанските медиуми.

Актуелниот договор на аргентинскиот репрезентативец истекува на крајот од сезоната, но со новиот се обврза на „Алијанц Арената“ во Торино да остане со 2025 година.

Дибала моментно се опоравува од повреда, а параф на новиот договор би ставил пред враќањето на терените кои е предвидено на 17 октомври кога Јувентус го игра дербито во Серија А против Рома.

Желбата на Дибала да остане во Јувентус беше голема и конечно се оствари, а поради тоа ги одби понудите од Манчестер јунајтед и Тотенхем иако постоеше неизвесност во преговорите.

Пауло Дибала во Јувентус пристигна 2015 година од Палермо во трансфер вреден 40 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот