Јувентус ќе прави ремонт и во управата и во играчкиот кадар

фото: EPA-EFE/MASSIMO RANA

Болната елиминација од Виљареал во осминафиналето од Лигата на шампионите и тоа со убедлив пораз од 3:0 среде Торино го натера првиот човек на „старата дама“, Андреа Ањели да направи ремонт на екипата.

Италијанските медиуми пишуваат дека промените ќе бидат и во играчкиот кадар и во управата.

Ањели му наложил на тренерот Масимилијано Алегри прво да обезбеди една од првите четири позиции на табелата во Серија А кои носат пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а на лето да ја „исчисти“ соблекувалната.

Италијанските медиуми пишуваат дека само девет фудбалери се сигурни за следната сезона, Влаховиќ, Де Лихт, Киеза, Бонучи, Кјелини, Данило, Локатели, Закарија и Квадрадо кој се наоѓа пред потпис на нов договор со Јувентус.

Останатите фудбалери ќе бидат ставени на трансфер листата или ќе бидат продадени во случај екипата да ангажира засилувања на нивните позиции.

Голманот Шчешни би останал во Јувентус само доколку не биде ангажиран Џанлуиџи Донарума кој пак не е задоволен од статусот во ПСЖ. Ањели ќе се обиде да го убеди Пауло Дибала да потпише нов договор, но Аргентинецот не се согласува да има иста плата како сегашната, а згора на тоа има понуда од Атлетико Мадрид, додека понудите од Премиер лигата засега не го интересираат.

Засилувањата за следната сезона ќе зависат од промените во управата која треба да биде засилена со еден од најдобрите технички директори во Серија А.

Весникот „Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус започнал преговори со Џовани Сартори, техничкиот директор на Аталанта, кој се смета за најзаслужен за историските успеси на тимот од Бергамо. Ањели се надева деја Сартори би направил револуција во Јувентус и би ја вратил на старите патеки екипата која три години по ред настапот во Лигата во шампионите го завршува во осминафиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот