Јувентус ја одреди цената за Кин

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Младиот италијански репрезентативец Моисе Кин влесна во Серија А во вториот дел од минатата сезона и кога сите очекуваа во наредната да добие поголема мнутажа, Јувентус најавува шокантен пресврт. Новиот тренер на „старата дама“, Маурицио Сари во наредната сезона нема да смета премногу на услугите на младиот Кин.

Во сезоната во која главен акцент ќе биде ставен на освојување на Лигата на шампионите, Сари сака да настапува со искусни и проверени фудбалери, а згора на тоа се очекува до крајот на преодниот рок да пристигне и Маури Икарди од Интер.

Поради желбата да игра што повеќе натпревари, Јувентус одлучи да го стави Моисе Кин на продажба за сума од 30 милиони евра, но има еден услов. Во договорот да стои задолжителна клаузула со која  „старата дама„ за одредена сума на пари да може да го врати назад Кин.

Досега најголем интерес пројавуваше Евертон, но се откажа од намерата по инсистирањето на Јувентус да се вметне клаузулата за враќање. Голем интерес пројавува и Севиља, а од втор план својата шанса ја чека и Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот