Јувентус има одлична замена доколку си оди Кулушевски

Српската „гол-машина“ Душан Влаховиќ го привлекува вниманието на голем број европски фудбалски гиганти/ фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Како што информираат италијанските медиуми, можно е Јувентус да го понуди Дејан Кулушевски во намерата да го ангажира фантастичниот напаѓач на Фиорентина, Душан Влаховиќ.

Сопственикот на Фиорентина, Роко Комисо, потврди дека српскиот репрезентативец нема желба да го продолжи договорот со „виолетовите“.

Влаховиќ сака нов предизвик иако му бил понуден договор што ќе го направи најплатениот играч во историјата на клубот.

„Ил Кориере дело Спорт“ известува дека 21-годишниот играч би можел да замине веќе во јануари.

Екс фудбалерот на Партизан, од 2018 година досега запиша 31 гол за Фиорентина во 84 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот