Јувентус и Рајола договаат соработка вредна 200 милиони евра

twitter/Transfer News Live

„Старата дама“ на лето со сите сили ќе тргне по Пол Погба од Манчестер јунајтед, но обезбеди огромна сума на пари и за двајца екстра талентирани фудбалери.

Претходното искуство на Јувентус со агентот на Французинот, Мино Рајола, покажа дека нивните средби никогаш не завршувале само до договор за еден фудбалер.

Калчомеркато денеска објави дека Јувентус преговара со Рајола за ангажман за двајца холандски таленти, Дониел Мален и Рајан Гравенберх.

И двајцата играат во холандскиот шампионат, Мален е 21-годишен фудбалер на ПСВ кој сезонава постигна 17 гола. ПСВ за да го продаде Мален бара 50 милиони евра.

Истата сума, 50 милиони евра, ќе ја бара и Ајакс за својот 18-годишен фудбалер, Гравенберх.

За очекување е со големите провизии кои му следуваат на Рајола но и со платите за младите фудбалери, вкупната сума која Јувентус ќе треба да ја издвои за ангажманот на двајцата фудбалери изнесува околу 200 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот